вторник, 22 октомври 2024

Демирал ја однесе Турција во четвртфиналето, Австрија е елиминирана

Турција со 2-1 ја доби пресметката против Австрија, стрелец на двата гола беше турскиот дефанзивец Мерих Демирал.

Објавено на

часот

Сподели

Турците имаа фуриозен почеток на мечот, поведоа по една мешаница уште во првата минута, во шеснаесетникот на Австрија најдобро се снајде Демирал кој ја смести топката под пречката за водство од 1-0.

Австрија тргна кон брзо израмнување, имаа иницијатива, но Турците ги одбија нападите и успеаа да ја стабилизираат играта.

Австријците тргнаа уште поофанзивно во вториот дел, откако пропуштија три добри шанси, казната стигна. Во 59. минута Демирал даде уште еден гол, овојпат погоди со глава по нафрлување на Ѓулер од корнер, Турција поведе со 2-0.

Седум минути подоцна Грегорич погоди за 2-1, ја врати Австрија во игра, имаше доволно време за израмнување или пресврт, но Турција го одбрани водството и на крајот славеше пласман во четвртфинале.

Селекцијата на Рангник покажа одличен фудбал во групната фаза, но денеска не успеа да ја совлада Турција, па си оди дома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ