вторник, 22 октомври 2024

Најмногу дожд во Охрид, Лазарополе, Битола…

Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и еден литар на метар квадратен во Крива Паланка, Берово, Велес и Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.

Во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ