вторник, 22 октомври 2024

Митева: Без економските директори по клиниките ќе се намали дуализмот

Укинувањето на економските и организациски директори е ветување уште од предизборието за здравството и здравствените политики. Работата на овие директори покажа низа на слабости и кога имате нефункционален систем кој покажал дека се злоупотребува тогаш цениме дека е оправдано истото, вели Марија Митева, портпаролката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Појдовна точка за ова беше злоупотребата на јавните средства односно финансиските средства, јавните набавки, дуализмот и непотизмот. Со една ваква одлука ќе го намалиме дуализмот кој постои со врзан потпис во рамки на клиниките и ќе придонесе кон подобро и поотчетно работење“, рече Митева.

Во однос на пензионерите, Митева посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги послушала пензионерите за нивното барање.

„Она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е што го послуша нивниот глас и нивното барање за линеарно покачување од 5.000 денари да го реализираме. Согласно законите прво е ребалансот на Буџетот со што ќе се опфати оваа мерка и мерката од 100 милиони евра трансфер кон општините за реализација на проекти“, посочи Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ