вторник, 22 октомври 2024

Холандија пресилна за Романија, Гакпо и Мален донесоа четвртфинале (ВИДЕО)

Холандија ја оправда фаворитската улога и се пласираше помеѓу осумте најдобри на Европското првенство, „лалињата“ попладнево во Минхен славеа со 3-0 против Романија.

Објавено на

часот

Сподели

Познат е и претпоследниот патник во четвртфиналето, Холандија со 3-0 ја совлада Романија за продолжување на авантурата на континенталниот собир.

„Лалињата“ го имаа поседот на топката, напаѓаа постојано и упатија дури 24 удари кон голот.

Резултатот го отвори Гакпо, кој биеше на поблиската статива во 20. минута и го совлада голманот на Романија, кој мораше да реагира подобро.

Избраниците на Куман потоа пропуштија неколку добри прилики за да ја потврдат победата, и за вториот гол се чекаше дури до 83. минута, кога Гакпо извлече една топка од гол-аут линијата и го проигра Мален за рутинска реализација и 2-0.

Во последните мигови од мечот, Мален повлече една контра и сам завршуваше за 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ