вторник, 22 октомври 2024

Руски воени бродови во водите на Венецуела

Руски воени бродови на Северната флота стигнаа во водите на Венецуела на повеќедневен престој, соопшти денес руското министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Целта на нивното присуство во регионот е „да го покажат знамето и да обезбедат присуство на морнарицата во важните оперативни области“, се додава во соопштението.

Престојот ќе трае неколку дена пред бродовите да продолжат да ги извршуваат своите задачи во водите на Атлантски Океан, наведе руското министерство.

Меѓу бродовите се и „Адмирал Горшков“, најнапредната фрегата во руската флота која е во служба од 2018 година, како и танкерот „Академик Пашин“.

Русија и Венецуела имаат силни билатерални врски.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во февруари го опиша својот руски колега Владимир Путин како „постар брат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ