вторник, 22 октомври 2024

Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе учествува на 16 и 17 јули на состаноците на Советот за безбедност на Обединетите нации, за време на кои ќе разговара за мултилатералната соработка и Блискиот Исток, соопшти министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува и дека Русија од 1 јули го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН на еден месец.

„На 16 јули ќе се одржи отворена дебата на министерско ниво на темата „Мултилатералната соработка во интерес на создавање поправеден, подемократски и поодржлив светски поредок“. На 17 јули ќе се одржи отворена дебата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи го палестинското прашање. На 19 јули ќе се одржи дебата на Советот за безбедност за соработката на ОН со ОДКБ, Заедницата на независни држави и Шангајската организација за соработка“, порача руското министерство.

Се додава дека Лавров ќе претседава со првите два настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ