вторник, 22 октомври 2024

Николоски – Гир: Владата и ЕУ ќе продолжат да работат на реформските процеси

Александар Николоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир на која беше заклучено дека Владата во соработка со ЕУ ќе продолжи посветено да работи на реформските процеси, на борбата против корупцијата и владееење на правото, информираат вечерва од Министерството за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата, министерот Николоски ја презентираше програмската определба на Владата и Министерството за транспорт, со посебен акцент на развој на инфраструктурата. Тој ги потенцираше проектите за унапредување на целокупната инфраструктура, истакнувајќи ја заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори. Исто така, министерот Николоски ја истакна огромната важност од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите“, соопшти Министереството за транспорт.

Николоски ја истакнал и важноста за континуираната поддршка што ја овозможува Европската Унија во евроинтегративниот процес како врвен приоритет и изразил благодарност за таквата соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ