„Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.
Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.
Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.
Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.