среда, 3 јули 2024

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можна терористичка закана

Американските воени бази ширум Европа, вклучително и Германија, во текот на викендот беа ставени во состојба на готовност поради можен терористички напад.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската телевизија Си-ен-ен објави дека Пентагон прогласил второ највисоко ниво на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници. Тоа ниво на безбедност, познато како Форс протекшн Чарли, се применува кога Пентагон добива веродостојни разузнавачки информации за потенцијален терористички напад.

„Постојат веродостојни разузнавачки информации кои укажуваат на напад врз американски бази во текот на следната недела“, изјави официјален претставник, пренесе американската телевизија Фокс њуз.

Природата на наводната закана останува нејасна. Официјален претставник цитиран од Фокс њуз рече дека тоа не се однесува на парламентарните избори во Франција.

Европската команда на Соединетите Американски Држави (ЕУКОМ) во Штутгарт одби да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили на прашањето на Си-ен-ен. Сепак, портпаролот рече дека ЕУКОМ редовно прегледува „различни фактори кои влијаат на безбедноста на американската воена заедница во странство“.

„Како дел од тие напори, често преземаме дополнителни чекори за да ја осигуриме безбедноста на членовите на нашите вооружени сили“, додаде портпаролот, без да наведе детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ