Романија се прикажа во одлично светло на Европското првенство, стигна до првото место во групата и за прв пат по 24 години играше нок-аут меч на големо натпреварување.
Но синоќа не можеше да и се спротивстави на Холандија, загуби со 3-0 во Минхен и беше елиминирана.
Но и покрај големото разочарување, експедицијата на Романија решила да ја „светне“ соблекувалната на „Алианц Арена“ и да ја остави просторијата перфектно чиста.
Била оставена и порака за домаќинот Германија, со која се заблогадаруваат на организаторот за искуството кое го доживеале изминативе недели.