понеделник, 22 јули 2024

Координација на Филипче со пратениците на СДСМ

Актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието беа тема на денешниот разговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче со пратениците на оваа партија. Ова ќе бидат редовни координации со пратеничката група на СДСМ, за организирано и силно делување во македонското Собрание и со ова се означува почетокот на новото политичко делување на партијата, соопшти СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните“, рече Филипче.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ