четврток, 25 јули 2024

Страшен руски ракетен напад врз Днепар (ВИДЕО)

Во нападот со руски ракети и беспилотни летала врз украинскиот град Днепар, загинаа четворица цивили, 27 беа ранети, детски градинки, училишта и болници беа оштетени, и избувнаа пожари низ градот, соопштија регионалните власти.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи сподели драматично видео од ракетниот напад на Днепар.

„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, изјави Серхи Лисак, гувернер на околниот регион Дњепропетровск, во видео објавено на апликацијата за пораки Телеграм.

Од повредените 11 се пренесени во болница, двајца се во тешка состојба, рече Лисак. Тој објави и фотографии од итните служби кои отстрануваат скршено стакло и трагаат по повредените.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили ја гаѓале областа Дњепропетровск со седум ракети и пет беспилотни летала „шахед“.

Противвоздушната одбрана успеала да собори пет ракети и сите беспилотни летала, се наведува.

Градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, прогласи ден на жалост за четврток. Тој рече дека се оштетени две училишта и три детски градинки.

Фрагменти од ракета паднале врз детската болница, оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија локалните власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ