Јермак ова го изјави во вторникот во Вашингтон, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.
Јермак рече дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, „праведен мир“, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет, пренесе Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе стави крај на војната доколку Киев се согласи да ги предаде четирите украински региони на исток и југ од земјата што беа анектирани од Русија.
Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во главниот град на САД, каде што се очекува Украина да биде главна тема. Досега САД испратија воена помош за Украина во износ од над 50 милијарди долари.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави во вторникот дека САД наскоро ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова воена помош за Украина.