Страшни вести пристигнуваат од Јужна Африка, поранешниот светски шампион во скок во височина, Жан Фрајтаг е пронајден мртов.
Пред две недели, неговото семејство го пријави за исчезнат а потрагата заврши со трагичен крај.
Како што информираат медиумите, телото на 42 годишниот Жан Фрајтаг било пронајдено во близина на гробишта во западот на Преторија.
Полицијата го третира случајот како убиство, Жан Фрајтаг бил пронајден со простелни рани.
Жан Фрајтаг ги освои светските првенства за млади, јуниори и сениори. На Светското првенство во Париз во 2003 година освои злато во скок во височина. Неговиот рекорд во кариерата беше 2,38 метри.