петок, 28 јуни 2024

Манолева побара вонреден надзор во битолската болница од ДСЗИ по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што претходно објавивме, новороденче починало во саботата откако ден претходно било родено во Клиничката болница во Битола. Поради компликации бебето во саботата било транспортирано од Битолската болница до Детската клиника во Скопје.

Семејството Китоски обвинува дека не биле известени на време за влошената здравствена состојба на бебето и дека не биле преземени навремено мерки за да се спаси нивниот син.

 

Сопругот на родилката, Драгољуб Китоски тврди дека неговата сопруга немала проблеми со бременоста и пиела само лекови за астма. Иако првично им било соопштено дека со бебето е сѐ во ред, ден подоцна на родителите им било кажано дека новороденчето е во критична состојба. Подоцна добиле повик од ,Детската клиника во Скопје дека синчето им починало.

 

 

Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходни еден царски рез и еден спонтан абортус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ