среда, 3 јули 2024

ДУИ: Укинувањето на балансерот е напад на принципот на правична застапеност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува неверување и длабока загриженост за одлуката на власта со моноетнички легитимитет да ја смени формулата за балансерот што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи, пишува во денешната реакција на партијата откако министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека балансерот за вработување по етнички клуч ќе се укинува.

Објавено на

часот

Сподели

Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 отсто, врз основа на пописните податоци од пред 20 години, реагираат од ДУИ.

„Оваа акција претставува директен напад на принципот на правична застапеност, еден од главните столбови на Охридскиот договор. Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнерите на Стоилковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците. Тоа е јасна последица на тоа што тие не се избрани претставници на албанската заедница, туку претпочитан партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ставајќи ги позициите во преден план, иако добија само трошки од институциите одземени од нивните надлежности“, пишува во соопштението на ДУИ.

Оттаму наведуваат дека партијата е решена да го брани принципот на правична и еднаква застапеност на сите етнички заедници и „нема да дозволи каков било обид за поткопување на важните достигнувања на Охридскиот договор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ