четврток, 4 јули 2024

Загреб: Резолуцијата на Црна Гора е непријателски чин

Иван Пенава, претседателот на хрватската партија Татковинско движење, која е дел од владејачката коалиција, изјави дека изгласувањето на резолуцијата во Јасеновац, Дахау и Матхаузен во парламентот на Црна Гора, е непријателски чин на соседната држава со која се „потчинила на политиката на српскиот свет“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изгласувањето на наведената резолуција е непријателски акт со кој Црна Гора ја повторува историската грешка како за време на Татковинската војна кога, како и денес, несамостојно и вазалски се потчини на големосрпската политика, а сега на политиката на српскиот свет“, кажа Пенава во хрватското собрание.

Според него, единствениот мотив за резолуцијата изгласана во црногорскиот парламент, е резолуцијата изгласана во Обединетите нации за Сребреница, со која Западот го осудува геноцидот извршен во војната во Босна и Херцеговина.

Потпретседателот на хрватскиот парламент го оцени како неверојатен фактот што резолуцијата за хрватските злосторства од Втората светска војна „доаѓаат од парламент на чие чело е четничкиот лидер Андрија Мандиќ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ