вторник, 22 октомври 2024

Припадник на ИСИС осуден на 30 години затвор за напад на ЛГБТ-фестивал во Осло

Норвежанец со иранско потекло е прогласен за виновен за тероризам во врска со нападот на фестивалот ЛГБТК+ во Осло и е осуден на 30 години затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот, извршен на три локации во близина на популарниот геј-бар Лондон паб на 25 јуни 2022 година, загинаа две лица, а уште девет беа тешко повредени.

Судот во Осло објави дека 45-годишниот Занијар Матапур пукал во толпата со автоматска пушка и пиштол, а обвинителите изјавиле дека тој е член на екстремистичката група Исламска држава.

И обвинителството и одбраната за време на судењето се согласија дека Матапур пукал во толпата и дека мотивот за злосторството бил тероризам.

Меѓутоа, адвокатот на Матапур, Мариус Дитрихсон, побара ослободителна пресуда, наведувајќи дека неговиот клиент бил наговорен да го изврши нападот од страна на дански разузнавач, кој се преправал дека е висок припадник на Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ