недела, 17 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека на 11 Октомври наместо државната, била пуштена химната на СДСМ

Ковачевски го исквернави 11 Октомври, наместо државната, Владата ја пушти партиската химна, 24 часа од настанот нема извинување, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку што требаше да направи Ковачевски е да се извини и да има одговорност за настанот. Со самиот факт што нема извинување станува јасно дека власта всушност намерно ја пуштила партиската химна на СДС на државен настан. Претходно во текот на најавите за настанот на банерите пуштени од Владата целосно беше изоставена Македонија. Оттука се поставува прашањето дали всушност намерно е пуштена партиската химна на СДС на државен настан? Од што се срами Ковачевски? Што е целта на сквернавењето? Очекуваме итно извинување од власта и одговорност. Партиски може да прават што сакаат, но со државни пари и како Влада мора да ги почитуваат симболите на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ