среда, 11 декември 2024

Масовен руски ракетен напад на Украина, експлозии во големите градови (ВИДЕО)

Експлозии го затресле главниот украински град Киев и други градови, додека Полска рано утринава ги активирала воздухопловните сили откако двете земји соопштиле дека во тек е силен руски ракетен напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поради масовен напад на Руската Федерација со крстосувачки проектили, балистички ракети и беспилотни летала на објекти кои се наоѓаат, меѓу другото, во западна Украина, полски и сојузнички авиони почнаа да дејствуваат во нашиот воздушен простор“, соопшти оперативната воена команда на полска на мрежата Икс.

Соопштено е дека се „активирани сите расположливи сили и средства со кои располага, активирани се дежурните борбени авиони, а копнената противвоздушна одбрана и радарските набљудувачки системи се на највисоко ниво на готовност“.

Цел на рускиот ракетен напад била електроенергетската инфраструктура низ Украина, што предизвикало превентивни прекини на снабдувањето, објави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

„Во тек е уште еден масовен напад на електроенергетскиот систем“, објави Галушченко на Телеграм.

Експлозии имало во градот Запорожје на југоистокот на Украина и црноморското пристаниште Одеса, пренесува Ројтерс, а украинските воздухопловни сили издале предупредување за воздушен напад за целата земја.

Воздухопловните сили ги повикале жителите да се засолнат истакнувајќи дека голем број проектили, вклучувајќи различни видови крстосувачки проектили, летаат на украинското небо.

Украина веќе со недели е во состојба на готовност, стравувајќи од голем руски ракетен напад на почетокот на зимата. И претходни ракетни напади беа насочени против електроенергетската мрежа и предизвикаа големи прекини во снабдувањето со струја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ