четврток, 12 декември 2024

Хорхе Мартин е нов шампион во Мото ГП (ВИДЕО)

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин е нов шампион во Мото ГП откако на денешната трка за Големата награда на Барселона заврши на третото место и дојде до потребните бодови за да ја завери својата прва титула во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Двократниот шампион, Франческо Бањаја победи на трката во Барселона, но тоа не беше доволно за да го одбрани тронот. Пласманот на Мартин беше доволен за тој да ја освои круната.

На второто место на пиедесталот се качи Марк Маркез. Четврти беше Алекс Маркез пред Еспаргадо и Биндер.

Хорхе Мартин ја прослави титулата на уникатен начин – излегувајќи од кутија со натпис „Мартинатор“, инспирирана од филмот „Терминатор“, што предизвика еуфорија на трибините. Сезоната заврши со Мартин на врвот со 492 поени, следен од Бањаја со 473. Третото место го освои Бастијанини со 377, а четврти беше Марк Маркез со 372.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ