среда, 4 декември 2024

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Романија и Косово

УЕФА потврди дека е покрената постапка против Фудбалските федерации на Романија и Косово за прекинатиот натпревар од Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше прекинат во самиот финиш кога фудбалерите на Косово решија да го напуштат мечот поради скандирањето на романските фанови: „Србија, Србија“.

„По натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово се отворени процедури. Започнати се дисциплински постапки против Фудбалските федерации на Романија и Косово согласно со член 55 од дисциплинската регулатива на УЕФА“, стои во соопштението на УЕФА.

Се очекува Романија со службени 3-0 да го добие мечот, но казни ќе добијат и двете федерации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ