среда, 4 декември 2024

Две ракети паднале во дворот на приватната резиденција на Нетанјаху

Две ракети биле испукани на приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареа и паднале во дворот на куќата, објавија денес израелските безбедносни служби, нарекувајќи го тоа „сериозен инцидент“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред резиденцијата на премиерот“, објавија полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.

„Премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата“, се додава, со осуда на „сериозниот инцидент кој претставува опасна ескалација“.

Ова не е прв напад на резиденцијата на Нетанјаху. На 22 октомври беспилотно летало беше испукано во насока на резиденцијата и погоди „структура“ во Цезареа, соопшти кабинетот на премиерот.

Нетанјаху, кој ни тогаш не беше таму, го обвини Хезболах дека „се обидел да ги убие“ него и неговата сопруга. Три дена подоцна либанската паравојска поддржана од Иран ја призна одговорноста за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ