вторник, 3 декември 2024

Белата куќа: Со нуклеарното оружје треба да управуваат луѓе, а не вештачка интелигенција

Одлуката за употреба на нуклеарното оружје треба да ја носат човечки суштества, а не вештачка интелигенција, се сложиле синоќа американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата лидери ја потврдија потребата да ја задржат човечката контрола над одлуките за употреба на нуклеарното оружје. Двајцата лидери ја истакнаа и потребата од внимателно разгледување на потенцијалниот ризик и развојот на технологијата на вештачка интелигенција во воениот сектор на разумен и одговорен начин“, се наведува во соопштението.

Официјалното сиже на состанок на кинеската влада го потврдува американското соопштение. Кинеското министерство за надворешни работи не одговорило веднаш на барањата за коментар на медиумите.

Не е јасно дали тој состанок ќе доведе до понатамошни разговори или дејствувања на тоа поле. Но, ова е првпат двете земја да разговараат за нуклеарното оружје и вештачката интелигенција.

Вашингтон со месеци се обидува да го притисне Пекинг на преговори за нуклеарното оружје.

Двете земји во ноември накратко ги продолжија официјалните разговори за нуклеарното оружје, но преговорите сега се во застој. Не се очекуваат официјални преговори за контрола на нуклеарното вооружување во скоро време.

Американското министерство за одбрана проценува дека Пекинг има 500 оперативни нуклеарни боеви глави и дека веројатно ќе распореди повеќе од илјада до 2030 година. Тоа е само дел од 1.770 односно 1.710 оперативни боеви глави кои ги имаат САД и Русија.

Кина од 2020 година почна модернизација на својата нуклеарна програма, почнувајќи со производство на подморница со балистички проектили од нова генерација, тестирање хиперсонични боеви глави и одржување редовни поморски патроли со нуклеарно вооружување.

Оружје на копно, во воздух и на море ѝ дава на Кина „нуклеарна тројада“ – обележје на голема нуклеарна сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ