среда, 4 декември 2024

Меџити: Во Приштина ќе го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка

Утре Владата на Македонија во Приштина, Косово, ќе се одржи првата заедничка меѓувладина седница од формирањето на новата Влада, објави на социјалните мрежи првиот заменик-премиер Изет Меџити.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова седница, покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности“ вели тој.

Меџити вели дека „Владата на Северна Македонија доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји. Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Северна Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани.

Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Северна Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност”, вели Меџити.

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти попладнево ja објави конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите.

По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот.

По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори.

Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ