вторник, 3 декември 2024

Тројца мртви во судир на бродови во Јапонија

Најмалку три лица загинале денес кога два брода се судриле во морето Сето на западот на Јапонија, јавуваат локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брод за разонода се судрил со реморкер рано наутро, јавува Кјодо њуз.

Капетанот на реморкерот испратил итен повик во 5:45 часот по локално време, соопшти локалната пожарникарска служба и додаде дека четири лица се извлечени од бродот, но двајца мажи и жена загинале, а четврто лице добило полесни повреди.

Бродот за разонода потонал по судирот со 16 метри долгиот реморкер кај покраината Јамагучи.

Денес наутро за оваа префектура било издадено соопштение за густа магла, објави новинската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ