недела, 17 ноември 2024
Во функцијна на претседавач со Организацијата

Украина е врвен приоритет за ОБСЕ, изјави Османи кој со воз од Полска замина за Киев (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ денеска престојува во работна посета на Украина. За ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација во светот, Украина и нејзиниот народ се на врвот на агендата, изјави Османи за Тетова сот на границата меѓу Полска и Украина откаде со воз замина за Киев.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи нема авионски летови над Украина, патувањето е со воз. Со авион пристигнав во Варшава, откаде со автомобил допатував до граничната точка помеѓу Полска и Украина. Оттука со воз се патува 12 часа, односно цела ноќ до Киев“, рече Османи.

Тој додаде дека по четврти пат е во посета на Украина од почетокот на војната.

„Како набљудувач на ОБСЕ овде сум по втор пат. Ќе покажеме дека Украина е приоритет број еден за ОБСЕ и за раководството на Северна Македонија и потсетуваме дека мирот и стабилноста на Европа се главната причина зошто постои ОБСЕ. Тука сум да искажеме солидарност и да ги поддржиме Украина и украинскиот народ за праведната војна. Целта е и да се направат подготовки за состанокот на Советот на министри што ќе се одржи во Скопје на крајот на ноември“, изјави Османи во интервју за Тетова сот.

Тој најави дека ќе оствари повеќе теренски посети за одблиску, како што рече, да се запознае со тамошната состојба, како и со потребите на граѓаните. Османи ќе ги посети и Центарот за заштита на правата на децата, единиците за итна помош на Украина и екипите за деминирање на теренот.

Инаку, програмата за поддршка на Украина на ОБСЕ вклучува помош во повеќе области како што се хуманитарно деминирање, промоција на владеење на правото и ублажување на последователните еколошки и економски влијанија од воената агресија на Русија против Украина, соопшти МНР информирајќи за посетата на Османи..

Во соопштението се додава дека Украина била првата земја која Османи ја посетил на почетокот на неговиот мандат како претседавач со ОБСЕ во јануари оваа година.

„Втората посета доаѓа како продолжение и потврда на заложбите на ОБСЕ за помош на Украина и ублажување на последиците за луѓето од погодените подрачја предизвикани од руската воена агресија во Украина, и на влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ“, информираат од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ