среда, 4 декември 2024

Образованието со најголем буџет до сега

Предлог-буџетот за 2025 година носи значајни инвестиции во образованието, со што ќе се обезбедат 3 милијарди денари повеќе за оваа клучна област, што ќе донесе подобри услови за учениците и студентите, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека капиталните инвестиции во образованието се зголемени за 115 милиони денари, што ќе биде искористено за изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и создавање подобри услови за учениците.

„Ние сме посветени на создавање на современи образовни установи кои ќе им овозможат на учениците да ги постигнат своите потенцијали во најдобри услови“,  изјави Лефков.

Пратеникот, исто така, најави дека образовните работници ќе добијат зголемување на платите за 7% со мартовската плата, со што ќе се обезбеди континуиран раст на нивните примања во следните години.

Тој најави и енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, за што се обезбедени шест милиони евра.

„Реконструкцијата на студентските домови е во тек, и ќе продолжиме да инвестираме во создавање на подобри услови за студентите. Образованието е наш приоритет и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вложувањата во оваа област и во иднина“, изјави Лефков, потврдувајќи дека образованието и младите остануваат високо на агендата на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ