недела, 7 јули 2024

Трамп во приватен разговор: Бајден ја напушта трката, ја имаме патетичната Камала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој во приватен разговор на терен за голф тврди дека неговиот ривал, демократскиот кандидат Џозеф Бајден, ќе ја напушти претседателската трка поради лошата изведба на минатонеделната дебата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото Трамп ја опишува потпретседателката Камала Харис како „лоша“.

„Тој (Бајден) само што поднесе оставка. Ја напушта трката, а тоа значи дека ја имаме Камала (Харис). Мислам дека таа ќе биде подобра. Толку е патетична, толку е ‘факинг’ лоша“, вели Трамп во клипот, пренесува Скај њуз.

Според одделни анкети спроведени од Њујорк тајмс и Волстрит џурнал, Трамп има поголеми шанси за победа од Бајден. Врз основа на анкетата на Њујорк тајмс, спроведена меѓу регистрирани гласачи што се очекува да излезат на гласање на 5 ноември, 49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, а 43 отсто за Бајден.

Бајден официјално треба да биде номиниран во август, а единствениот начин да биде сменет е самиот да поднесе оставка, што тој негираше дека ќе го стори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ