Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Од УХМР соопштуваат дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.