вторник, 21 април 2026

Британците не ја признаваат процената на ЕУ за трошоците за „разводот“

Објавено на

часот

Сподели

Велика Британија и ЕУ испреговараа спогодба за разидувањето во рамките на која Велика Британија ќе продолжи да плаќа средства во буџетот на Унијата во согласност со преземените обврски за време на членството на Велика Британија во ЕУ, потсетува Ројтерс.

Вчера официјални претставници на ЕУ рекоа дека Велика Британија мора да му плати 47,5 милијарди евра (40,77 милијарди фунти) на европскиот блок како дел од финансиското решение по брегзитот.

„Ние не ја признаваме таа бројка. Тоа е процена што ЕУ ја направи за свои внатрешни сметководствени цели“, изјави за новинарите портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека во таа цифра не се пресметани сите пари што ѝ се должат на Велика Британија, што, според него, ја намалува сумата што Лондон треба да ја плати.

Портпаролот на ЕУ рече дека Велика Британија ќе треба да плати 47,5 милијарди евра во буџетот на ЕУ во текот на следните години и дека сите буџети се направени во согласност со одредбите на Договорот за разделба.

„Извештајот е конечен“, рече портпаролот на ЕУ.

Велика Британија соопшти дека нејзината процена на трошоците сè уште е во средниот опсег претходно утврден од домашната влада, од 35 до 39 милијарди фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ