недела, 17 ноември 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Среда 8 мај е добар термин за парламентарни и претседателски избори, вели Мицкоски и повика на консенсус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека 8 мај, среда, е можен термин кога би се одржале вториот круг од претседателските избори и првиот круг од парламентарните избори. „Единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај. Тој ден е Велигден. Во минатото сме имале пракса, така беше на последните избори 15 јули 2020 година, да и во среда имаме избори и затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните, би имало 72 часа рокови за жалби и за одлуки и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран“, рече Мицкоски. 

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на консензус, бидејќи, како што посочи, таква била праксата и порано, односно со консензус на сите политички фактори да се носи одлука околу датумот и времето на одржување на изборите.

„Уставот е јасен, дека мандатот на актуелниот пратенички состав важи до изборот на нов, но не повеќе од четири години. Имајќи предвид дека на 4 август 2020 година е формиран овој парламентарен состав и оттогаш почнува да важи мандатот на актуелниот пратенички состав, значи дека ние на 3 август мора да имаме нов пратенички состав“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не смее да се дозволи државата да влезе во уставна криза, иако според него веќе е влезена во таква криза, бидејќи, рече, Државната изборна комисија (ДИК) од седум има шест члена, односно согласно законот, треба да има четворица претставници на власта и тројца од опозицијата, но сега има четворица од власта и двајца на опозицијата. 

„Ако во најскоро време не се номинира претставник на опозицијата, можно е овој процес од самиот почеток да биде предизвикан пред институциите во Македонија. Затоа велам дека веќе сме со едната нога во политичка и уставна криза. А од друга страна, немаме јасни датуми и рокови иако според Уставот и законите јасни се датумите и роковите“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ