среда, 4 декември 2024

Драматични 13 минути во Амстердам: Легендарниот Адам Салаи колабираше крај аут линијата (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Холандија и Унгарија во Лигата на Нации на кратко беше прекинат откако крај аут линијата колабираше легендарниот напаѓач Адам Салаи, кој неодамна стана дел од стручниот штаб на селекторот Марко Роси.

Објавено на

часот

Сподели

Пресметката помеѓу Холандија и Унгарија во Амстердам донесе драматични 13 минути, играта беше прекината откако крај аут линијата колабираше Адам Салаи.

Гостинскиот стручен штаб формираше жива ограда околку легендарниот напаѓач додека лекарските тимови на двете репрезентации му даваа помош, одредени извори пишуваат дека Адам Салаи дури бил и реанимиран.

За среќа, на крајот се добро се заврши, па Адам Салаи во свесна состојба е пренесен во болница на делтани лекарски прегледи.

„Адам Салаи е стабилен и свесен. Пред неколку минути со возило на брза помош е пренесен во болница во Амстердам на прегледи“ – гласеше краткото соопштение на Фудбалската федерација на Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ