вторник, 14 април 2026

Руските пливачи и ватерполисти се враќаат на меѓународна сцена

Светската федерација за спортови на вода (Ворлд Акватикс) објави дека руските и белоруските спортисти повторно ќе можат рамноправно да настапуваат на меѓународните натпреварувања.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по почетокот на војната во Украина, руските и белоруските спортисти добија забрана за настап под свое знаме и химна на големите натпреварувања.

Во меѓувреме се случуваат и други војни, но никој друг не е суспендиран. Веќе на сите им е јасно дека ситуацијата со Русија станува апсурдна, па спортските федерации почнуваат да попуштаат и да ја менуваат одлуката.

„Во изминатите три години успешно работевме на тоа конфликтите да се држат подалеку од спортските натпреварувања. Остануваме посветени базените и отворените води да бидат место за мирен натпревар меѓу спортисти од сите нации“, изјави претседателот на „Ворлд Акватикс“, Хусаин Ал Мусалам.

Враќањето на руските и белоруските спортисти би можело да се случи веќе на Светското првенство во водени спортови, кое следната година ќе се одржи во Будимпешта. На овој настан се очекува тие да настапат во повеќе дисциплини, меѓу кои пливање, ватерполо, уметничко пливање, скокови во вода и пливање на отворени води, доколку ги исполнат сите поставени критериуми.

Се очекува ваквиот чекор да почнат да го следат и останатите светски спортски федерации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ