недела, 7 јули 2024

Си Џинпинг: Мора да се спротивставиме на надворешното мешање

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска на состанокот во Астана на кој присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, го повика евроазискиот безбедносен блок, основан од Москва и Пекинг, да се спротивстави на „надворешното мешање“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во Астана се одржува 24-тиот состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ШСО), основан како противтежа на Западот, а кој претседателите на Русија и Кина го проширија со Индија, Иран и Пакистан.

„Соочени со реални ризици, мораме да го заштитиме правото на развој“, изјави Си во Астана на состанокот, според кинеската државна телевизија ЦЦТВ.

Блокот мора мирно да се справи со „внатрешните разлики“, да бара заеднички јазик и да ги решава тешкотиите во соработката, додаде претседателот Си.

Кинескиот претседател, исто така, ја истакна потребата за заедничка промоција на научни и технолошки иновации, како и за одржување на стабилноста и „мазноста“ на индустриските и синџирите на снабдување.

Главниот состанок се одржа зад затворени врати, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека Путин ќе разговара за неговата идеја за создавање нов пакет евроазиски договори за колективна безбедност.

Си Џинпинг и Путин се сретнаа вчера во пресрет на состанокот на ШОС, по што објавија дека земјите што ги водат дејствуваат во согласност со нивните сопствени интереси – и дека тоа не е насочено против ниту една друга земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ