недела, 17 ноември 2024

Руски шпионски брод предизвикал загриженост во ирски територијални води

Рускиот шпионски брод Јантар бил испратен од Ирско Море откако влегол во ирски територијални води и патролирал во подрачје каде се наоѓаат важни подводни енергетски цевководи и интернет кабли, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бродот бил забележан источно од Даблин во четвртокот, но прво го забележале норвешката, француската, американската и британската морнарица следејќи го рускиот воен брод Адмирал Головко минатиот викенд низ каналот Ламанш.

Ирската војска забележала дека бродот управува со три дрона над нивните територијални води што предизвикало стравувања дека врши надзор.

Јантар е официјално класифициран како помошен океанографски истражувачки брод со можности за подводно спасување. Не е дел од флотата на руската воена морнарица. Може да користи подморници за длабоко нуркање, но аналитичарите веруваат дека мисијата „веројатно повеќе се однесувала на стратегиско сигнализирање и собирање разузнавачки податоци“ отколку на саботажа.

Бродот патувал со бродот Адмирал Головко и танкерот Вјазма. Бродовите прво ги следеле Британците, а потоа набљудувањето им го препуштиле на Французите.

Јантар подоцна се одвоил од Головко и се упатил кон Ирско Море. Бродот ја активирал автоматската идентификација на четири минути и ги исклучил предавателите за позицијата откако влегол во водите под контрола на Ирска.

Ирските одбранбени сили и понатаму го следеле, обидувајќи се да остварат контакт, но рускиот персонал не реагирал и во петокот околу 3 часот наутро ги напуштил водите и тргнал кон југ.

Присуството на Јантар предизвикало нова загриженост во врска со безбедноста на интерконекторските кабли кои минуваат меѓу Ирска и Британија, пренесувајќи го глобалниот интернет сообраќај од огромните центри на податоци со кои управуваат технолошките компании, вклучувајќи ги Гугл и Мајкрософт, чие седиште во Европа е во Ирска.

Едвард Берк, професор по воена историја на Универзитетот во Даблин, кажал дека ситуацијата е алармантна.

„Уште еднаш гледаме како руската морнарица ја тестира одбраната на Западна Европа. Тоа е уште еден повик за будење, поради фактот дека Ирска треба да ги засили своите поморски капацитети и да ги продлабочи своите партнерства во областа на поморската безбедност во Европа“, кажал Бурк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ