недела, 7 јули 2024

Прво ревизија па реконструкција на Универзална, категоричен е Љутков

Министерот за кулутра и туризам, Зоран Љутков побарал ревизија на целата постапка за преземањето на Универзалната сала од министерството. Тој денеска по посетата на неолитскиот локалитет Тумба Маџари изјави дека од тоа што го видел, целата постапка била многу проблематична и најави дека додека не заврши ревизијата нема да дозволи никаква реконструкцијата на Универзална.

Објавено на

часот

Сподели

„Испративме допис до Државниот завод за ревизија да ја испита целата постапка од самиот почеток досега и ќе донесеме заклучоци по нивниот извештај“, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на локалитетот Тумба Маџари.

Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма Универзал-Балкан рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

Љутков денеска уште информираше дека уште не се знае ниту што ќе биде со проектот Скопје- Европска престолнина на културата во 2028.

„Сè уште не сме започнале со тој процес, се прават консултации и до септември ќе ги имаме официјалните информации како ќе продолжи тој процес. И тој процес е закочен како што се закочени сите процеси последниве неколку години“, кажа Љутков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ