„Езерџиите“ сакаат да испишат историја и за прв пат да спојат татко и син на паркетот, па на втората рунда на драфтот го одбраа Брони Џејмс како 55-ти пик.
Утрово, младиот кошаркар го имаше своето деби во дресот на ЛА Лејкерс против Сакраменто во Летната лига на НБА.
Брони Џејмс забележа скромен учинок, за нешто помалку од 22 минути поминати на паркетот, забележа 4 поени со 2/9 шут од поле (ги промаши сите тро обиди за три поени). Тој исто така придодаде два скока, две асистенции и една украдена топка.
Скаутите не се баш импресионирани од првите минути на Брони Џејмс, кој од ЛА Лејкерс доби четиригодишен договор тежок околу 7,9 милиони евра.