сабота, 13 јули 2024

Фицо ја поддржа мировната иницијатива на Орбан за Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо изрази поддршка за мировната иницијатива на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој за кратко време ги посети Киев и Москва, нагласувајќи дека конфликтот во Украина нема воено решение.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Фицо истакна дека мирот не може да се постигне „со какви било ултиматуми или примена на нереални услови“.

„Ако биде приоритет уште една ескалација на тензиите пред мировните преговори, да не бидеме изненадени од нова, многу пострашна карактеристика на воениот конфликт во Украина“, предупреди Фицо.

Тој истакна дека поддржува итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори со учество на Украина, Руската Федерација, САД, Кина и ЕУ.

„Мировните преговори ќе бидат исклучително тешки, но ќе биде најдобро за целиот свет ако следните месеци, можеби и години на меѓусебно убивање, се заменат со месеци на тешки преговори кои водат до праведен мир“, рече Фицо во објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека мирот ќе придонесе за преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија, што Словачка го поддржува.

Во петокот во Москва, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, Орбан изјави дека ќе продолжи да работи со Русија и Украина за постигнување мир и дека позициите на Русија и Украина се далеку една од друга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ