Во болниците има 12 повредени лица, осум се водат како исчезнати. Клучните автопати се блокирани, спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесува Ројтерс.
Тој изјави дека во југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.
Портпаролот Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.
दोलखाको रोल्वालिङ खोला थुनिएर आएको बाढी ।#KantipurNews #KantipurTVHD #Kantipur pic.twitter.com/V56RMn7c8E
— Kantipur TV HD (@KantipurTVHD) July 6, 2024
Во околината на непалскиот главен град Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради.