вторник, 22 октомври 2024
СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ „ГОРАТ“, ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА

Срамно однесување на бразилските ѕвезди – го игнорираа селекторот! (ВИДЕО)

Социјалните мержи „горат“ поради еден момент од натпреварот помеѓу Уругвај и Бразил, за селекторот на „кариоките“ немаше место во круго и тој беше игнориран од фудбалерите.

Објавено на

часот

Сподели

Бразил утрово беше елиминиран од Копа Америка, „кариоките“ на пенали загубија од Уругвај.

Па има многу критики на адреса на бразилските фудбалери, а социјалните мрежи особено „горат“ за еден момент од натпреварот.

Во пресрет на пенал серијата, фудбалерите направија круг и почнаа да се договарата кој ќе шутира, редоследот на изведувачите… а селекторот Доривал Жуниор беше изоставен од дискусијата.

Во еден момент тој крева прст и се обидува да каже нешто, но никој не го слуша, ѕвездите на Бразил го игнорираат својот предводник.

Сосема спротивна беше ситуацијата во таборот на Уругвај, каде исто така фудбалерите направија круг, но тука селекторот Бјелса беше во центарот, говореше одлучно и сите го слушаа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ