вторник, 22 октомври 2024

Заплена на брендирана стока вредна 40.000 евра

Скопската полиција во соработка со Царинската управа и со користење на службено куче, во царински склад во Скопје извршиле детален преглед на три товарни моторни возила со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лице од Скопје од село Студеничани и пронашле 3.700 парчиња разновидна брендирана трговска стока без неопходната документација, во вредност од 40.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Постои сомневање дека со возилата се врши нелегален превоз на стока која повредува право на интелектуална сопственост. Одземената стока е предадена на Царинската управа и се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ