вторник, 22 октомври 2024

Елмас се релаксира со работа во семејната слаткарница: Убаво ми е, не мислам на ништо друго (ФОТО)

Елиф Елмас во разговор со Билд вели дека ужива кога ќе се врати во Скопје, работи заедно со неговиот татко во семејната слаткарница, и го користи овој период за да се исклучи од случувањата и да ја разбистри главата.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас во јануари се пресели во РБ Лајпциг во трансфер вреден околу 24 милиони евра. Македонецот не се изнаигра многу, забележа само 255 минути фудбал во дресот на „биковите“ во вториот дел од сезоната.

Во пресрет на поготовките за новата сезона, фудбалерот дел од одморот го користи за работа во семејната слаткарница покрај својот татко.

„Уживам кога сум во мојата татковина, па и на краток период. Тука можам да се опуштам и да ја разбистрам главата. Секако, голем удел има и тоа што многу денови поминувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Во тие моменти не мислам на ништо друго и уживам во времето поминато со него“ – вели Елмас во разговор со Билд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILD (@bild)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ