петок, 17 мај 2024

Првиот синдикалец на М-НАВ, Тасевски приведен во полиција

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска е повикан во полиција да даде изјава, откако двајца директори на македонската навигација (М-НАВ) се пожалиле дека им се заканувал на Фејсбук.

 

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Двајца од директорите го пријавиле Тасевски во полиција затоа што се чувствувале небезбедно од него. Тасевски вели дека не им се заканувал туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања.

„Почнаа да се будат ‘човечињата’. Редно е да се разбуди и ОЈО па да почне да чепка и за ова и за тендери и за реновирања на гаража, ќе има работа за до пензија“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил пред три дена споделувајќи новинарски напис за оставките на сите инженери од раководните инструкторски места како и еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски.

Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ