Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали разговарал со холандскиот премиер за неговиот став да нема датуми и рокови за проширување и кој инсистира на борба со корупцијата, Ковачевски рече:
„Премиерот на Холандија Марк Руте е голем пријател на нашата држава и Холандија и неговите ставови се секогаш јасни. Кога зборуваме за проширувањето, многу јасна беше и изјавата претходно во Блед и подоцна на претседателот на Европскиот совет и на другите лидери дека тие сакаат да ја подготват Европската Унија за проширување до 2030 година, што значи дека реформите треба да се одвиваат во земји – членки во самата Унија за да може да функционира за важни прашања за нивното интерно оперирање со повеќе земји членки. Меѓутоа останува фактот дека оние што ќе бидат подготвени, тие ќе влезат побрзо, оние што нема да бидат подготвени ќе влезат подоцна така што не постои рок за сите земји одеднаш туку тие кои што ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ тие ќе влезат, тие што нема да бидат подготвени тие нема да влезат“, рече премиерот.
Ковачевски смета дека Македонија е карактеристичен пример зашто, како што потсети, кандидатскиот статус земјава го започна заедно со Хрватска, која тогаш беше дел од Западен Балкан, а денес е земја – членка на ЕУ со воведено евро, дел од Шенген.
„Ние не сме за тоа затоа што ние не носевме одлуки. Имавме период од цела една деценија кога естаблишментот сметаше дека не треба да се носат одлуки за пристапување кон ЕУ и резултатот го гледаме. Така ќе биде и во иднина. Оние што ќе носат одлуки, што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, оние што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат“, рече Ковачевски.
На новинарско прашања кои придобивки се можни по овој Самитот на лидери на Берлинскиот процес денес во Тирана, премиерот одговорот го даде од економски аспект.
„Се работи за декларациии кои се однесуваат на олеснување на транспорт, декларации во вклучување во единствен систем за плаќање, во делот на инфраструктура за спроведување на зелениот договор. Во една декларација веќе има согласност од Германија, од КФБ банката за инвестциии до милијарда евра кои се однесуваат на делот на енергетика. Искористување на фондот за Западна Европа кој се однесува исто на инфраструктурни проекти, Европската банка за финансисирање на Коридор 8 железничко поврзување со Албанија, што ќе овозможи излез на Драч“, рече Ковачевкси.
Се зборувало и за поголема соработка со цел подобро одвивање на трговијата во Западен Балкан. Односно компаниите полесно и поедноставно да плаќаат.
„Воведување во системот за плаќања за кој веќе треба да се разговара, во однос на оние земји и компании коишто соработуваат со компании од земји членки на ЕУ да можат да бидат вклучени во систем во кој побрзо ќе одат и поедноставено ќе одат плаќањата со помали трошоци, сè се тоа придобивки кои нашите компании ќе ги имаат во иднина. Тоа се активности кои ќе следат и знам дека ќе има резултати затоа што она што досега го направивме во овие две години додека јас сум на овие Самити“, истакна Ковачевски.