четврток, 27 јуни 2024
Денеска почнува изборот на новата влада

Просечната возраст на новиот владин состав е 47 години, Мицкоски ќе биде 13-от премиер

Христијан Мицкоски ќе биде 13-от премиер, а ќе ја предводи 20-та влада од осамостојувањето на Македонија чија просечна возраст на нејзините членови е 47 години.

Објавено на

часот

Сподели

Новата влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор и три без ресор.

Во новиот владин состав ќе има 20 мажи и три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Највозрасна е Весна Јаневска има 66 години и е кандидатка за министерка за образование, а најмлад е Стефан Андоновски има 33 години и е кандидат за министер за информатичко општество и администрација.

Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Собранието има 78 пратеници – 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Христијан Мицкоски ќе биде 13-от премиер од осамостојувањето на Македонија.

Според Деловникот за работа на Собранието, новата влада треба да биде избрана најдоцна до недела на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ