недела, 30 јуни 2024

Промовирана монографија за Заре Лазаревски – приказна за создавачот на Ски-центарот Маврово

Синоќа беше промовираја монографијата – Приказна за визионерот, креаторот и за градителот Заре Лазаревски кој го создаде Ски-центарот и Маврово. Таа е направена по повод стогодишнината од неговото раѓање, а во чест на неговата посветеност да го создаде најпрестижниот змиски туристички центар во регионот во осумдесттите години на минатиот век.

Објавено на

часот

Сподели

Автори на оваа монографија се новинарите Јасмина Миронски и Бранислав Станчевски, кои на 110 страници споделуваат многу сеќавања, податоци, разговори со неговите соработници, современици, колеги и семесјтвото. Воедно, таа содржи повеќе од 40 автентични фотографии кои отсликуваат едно интересно време кога имаше луѓе кои од ништо правеа нешто – само од желба да биде подобро и поубаво за сите, да се создаде нешто вредно и трајно за својата држава – Македонија.

Монографијата е исклучително квалитетно отпечатена благодарение на неговиот внук Вељко Лазаревски, син на најмладиот брат на Заре, без чија помош и поддршка таа немаше да види виделина.

Ски- центарот што го изгради Заре беше прв не само на Балканот, туку и пошироко, затоа што Заре со својата упорност, убедливост, снаодливост, визионерство и авторитет остави зад себе едно капитално животно дело: две жичници, 9 ски- лифтови поврзани по европски терк – скијачки патеки за слалом, велеслалом, спуст, бројни сместувачки објекти со целосно изградена инфраструктура.

За Лазаревски како како татко, сопруг, некој кој речиси секогаш бил или на пат за Маврово, или, во мислите за тоа што треба да се направи за Маврово, зборуваше синот Бодан Лазаревски, инаку, исто така јавен обвинител, кој раскажа занимливи моменти од времето како се градел Центарот и Маврово.

Сеќавања за таткото кој, меѓу другото, бил харзиматичен и џентлмен, сподели и ќерката Јованка Лазаревска Станчевска, професорка на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за англиски јазик.

За личните сеќавања и занимливи искуства од времето кога Маврово беше вистинско монденско место зборуваше Живко Груевски, син на неговиот братучед и соборец Александар Санде Груевски, инаку познат бизнисмен, поранешен почесен конзул на Канада а сега професор на Американ Колеџ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ