четврток, 18 јули 2024

Денеска на ЕП: Англија има битка со Словачка, Шпанија игра против Грузија

Продолжуваат осминафиналните натпревари на Европското првенство, денеска од фаворитите на теренот излегуваат Англија и Шпанија. Англичаните ќе се соочат со Словачка, а Шпанците ќе играат против најголемото изненадување на турнирот, Грузија.

Објавено на

часот

Сподели

18:00 Англија – Словачка

Англичаните пред почетокот на Европското првенство важеа за фаворит број еден за големиот трофеј, но одиграат исклучително бледо во групната фаза и не оставија впечаток на моќна репрезентација.

Словачка направи големо изненадување во првото коло кога ја совлада Белгија. Тој триумф беше клучен за да стигнат до денешниот меч со Англија. Словаците си велат: ако можевме Белгијците, зошто да не ги победиме и Англичаните. Нема да излезат со бело знаме на теренот.

Англија им остана должна на своите навивачи кои се надеваат дека во нокаут фазата ќе биде поинаку. Саутгејт и соиграчите имаат задача да покажат дека уште важат за еден од фаворитите за освојување на првенството.

21:00 Шпанија – Грузија

Шпанија е селекцијата која покажа најмногу во групната фаза од Европското првенство. Шпанците делуваа импресивно, опасни се по страните преку Нико Вилијамс и Ламин Јамал кои ја разигруваат целата офанзива.

За противник вечерва ја имаат селекцијата на Грузија која е хит на ова Европско првенство. Победата над Португалија за нив значеше нокаут фаза на шампионатот и значително зголемена самодоверба.

Квалитетот е на страната на Шпанија, тие се огромен фаворит во овој дуел и се освен нивна победа би било најголема сензација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ