недела, 21 јули 2024

Комунална хигиена фати на дело скопјани кои намерно правеле депонија

Инспекторатот на Град Скопје со екипите на Комунална хигиена реализирале акција за отстранување обемни диви депонии низ градот. При акцијата на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Турција, биле фатени граѓани како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креирале дива депонија, соопштија од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамките на акцијата се нотирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, ќе се спроведе и рачно миење на микролокацијата, а сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани. Во претстојниот период, Еко-патролата при Комунална хигиена и Град Скопје ќе спроведат зачестен патролен надзор на оваа микролокација“, соопштија од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ