Во своето обраќање Муцунски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека иако земјава е сведок на “билатерализација” на евроинтегративниот процес, а претходно и на членството во НАТО, како и повеќекратна апликацијата на двојни стандарди од страна на институциите на ЕУ, сепак македонската нација е про-европска нација, а мнозинството од македонскиот народ ја поддржува европската агенда, бидејќи нема подобар пат од полноправното членство на земјава во ЕУ.
Во делот на реформите и интеграцијата на земјата во Европската Унија, Муцунски нагласил дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома, односно борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој.
Запрашан за концептот за членство во единствениот пазар пред целосна интеграција во ЕУ, Муцунски, се вели во соопштението, истакнал дека независно како ЕУ го предвидува овој процес, вклучително и концептот за постепена интеграција, нема да има двоумење од македонска страна доколку крајниот резултат е полноправно членство во ЕУ.